Offside

Само небото е граница за Мондо Дуплантис, човекот кој е претплатен на златни медали во скок со стап.

Македонија високо поразена од светскиот шампион

Иако според играта и пристапот во првото полувреме, избраниците на Обрван ја поправија лошата игра од првиот дуел и добро се носеа против големата ракометна сила, на крајот доживаа убедлив пораз од 29:17 во четвртото квалификациско коло за Европското првенство во Данска.

Голчиштето на Игуаин

Фудбалерите на Леванте во 31 минута први поведоа на Сантијаго Бернабе и го изненадија Реал Мадрид. Но за само 5 минути следеше израмнувањето и најубавиот момент на мечот кој на крајот Кралевите го завршија со „петарда“ во мрежата на гостите.

Баерн Минхен рекордно брзо до 23 шампионска титула

Со голот на Бастијан Швајнштајгер, фудбалерите на Баерн Минхен славеа на гостувањето против Ајнтрахт Франкфурт со 1:0 и веќе во 28 коло од Бундес лигата се шампиони во првенството со 20 бода пред минатогодишниот првак Борусија Дортмунд.

Голови на неделата

Уживајте во изборот од најдобрите 10 голови за изминатите 7 денови, а помеѓу нив и мајсториите на Ба, Роналдињо, Меси, Кавани...

Тикет на колото

Минатата недела имавме добитен тикет и овој викенд богат со фудбалски натпревари повторно одиме со наш тикет на колото со 6 предлози за типување.

Бо Мекејлеб со пораз се прости од Евролигата

Нашиот плејмејкер со тимот на Фенербахче неславно ја завршува топ 16 фазата од Евролигата и со пораз во турското дерби од 80:73 заврши на последната позиција на табелата во групата Ф во која успеа за оствари само еден триумф.

Балканците планирале да местат и во Лига Европа?

Долгата истрага за големиот скандал со местење натпревари во Италија која се води во обвинителството во Кремона, постојано открива нови детали околу плановите на балканската врска која оперираше во италијанските лиги во корист на шефот од Сингапур, Дан Тан.

Новите дресови на Барселона

ФК Барселона продолжува да изненадува со своите луди идеи за дресови. Според шпанскиот весник Sport, фудбалерите на Барселона ќе ги носат овие дресови додека се загреваат пред натпреварите.

Промашените резервисти во Серија А

Можеби не е лесно да се просперира во италијанското фудбалско првенство како напаѓач со оглед на дефанзивниот фудбал кој го практикуваат многу екипи. Но ако ве бива за фудбал, ќе ве бива и во земјата која живее за фудбалот, па и на постари години.

Забавната страна на НБА

Се наближува плејофот во НБА лигата, па во изминатиот месец видовме многу интересни натпревари полни со неизвесност, но и многу забава. Ова се најзабавните моменти од месец март.

Кога маскотата ќе се попали

Маскотите треба да ги забавуваат гледачите на спортските натпревари, но популарниот Змајчек, маскотата на кошаркарскиот клуб Олимпија од Љубљана, малку претера со анимирањето на двајца домашни навивачи.

Вистинскиот романски фудбалски крал

Што прави човек на првиот ден кога ќе добие власт? Некој веднаш си мести свои луѓе на раководни позиции и последно нешто на што помислува е фудбалот. Но романскиот крал Карол II на првиот ден откако седнал на тронот, за приоритет си го поставил играњето на Романија на Светското првенство.

Проститутка за секој судија

По логиката дека со поголеми плати луѓето не би прифаќале мито, ФИФА треба да смисли сличен начин како да ги спречи појавите како последниот случај кога биле откриени тројца судии кои за да наместат натпревар биле поткупени со секс.

Утката на Паркер

Екипата на Тотенхем киксна против Базел и на реваншот во Швајцарија ќе патува со 2:2 од првиот натпревар, а еден од кривците што англискиот тим не победи вечерва е Скот Паркер кој се „прослави“ со ова негово промашување.

Челси, Фенер и Бенфика со предност во 1/4-финалето

На четири четвртфинални натпревари во Лига Европа беа постигнати 14 погодоци, но ниту еден тим не успеа да стекне солидна предност која ќе гарантира неинтересен реванш.

Антиќ и Олимпијакос меѓу осумте најдобри во Европа!

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ со европскиот кошаркарски шампион, екипата на Олимпијакос, славеа победа над Химки во 14-то коло на Евролигата и изборија пласман во четвртфиналето.

Вејн Руни спасил 200 работни места

На напаѓачот на Манчестер Јунајтед очигледно јасно му е дека и да има 9 животи не може да ги потроши екстремно големите суми на пари од играње фудбал, па затоа реши да го одврзе ќесето и ја да спасува економијата во својата земја.

Падот на Џонатан

Синоќа се одигра заостанатиот натпревар од Серија А помеѓу Сампдорија и Интер, но од засега непознати причини, еден фудбалер не можеше никако да воспостави рамнотежа на теренот. Се работи за бразилецот Џонатан Мореира кој сигурно не знае да стои на една нога.

Како се подготвуваа македонските пливачи

Македонските пливачи остварија потпросечни резултати на последните Олимписки игри во Лондон, а дел од причините за нивниот неуспех беа и лошите услови за подготовки. Поради немањето на базени, нивните тренинзи често се одвиваат на суво, а ние имаме ексклузивна снимка од еден ваков тренинг.

Танц на теренот

Момчето се вика Мохамед и на само 18 години сака да дрибла по двајца фудбалери истовремено во норвешкото првенство. По тој повод ќе ве потсетиме и на големиот мераклија за правење финти, Џеј Џеј Окоча, кој дриблаше кај ќе стигне. 

Кој се кладел на поразот на Вардар?

Многу работи не „штимаат" во ФК Вардар во последно време. Лидерот од необјасниви причини доби нов тренер пред самиот почеток на подготовки, се донесоа просечни „засилувања", тимот веќе не доминира, а синоќа загубија за прв пат по две години на домашен терен. Но дали некој профитираше од овој пораз?

НБА ќе ја добие првата кошаркарка

Неколку жени до сега се обиделе, но ниту една не заиграла на официјален натпревар во НБА лигата. Тоа може да и успее на Бритни Грајнер која ќе биде драфтувана од страна на контроверзниот газда на Далас Маверикс.

Европскиот шампион домаќин на Рубин, Лацио гостува во Турција

Иако Англија нема ниту еден претставник во ЛШ, дури 3 екипи од островот останаа во игра за освојувањето на пехарот во второто по ранг клупско европско натпреварување. Ова се најинтересните факти за четвртфиналните битки.