Хамилтон од Мерцедес најбрз во Унгарија

Луис Хамилтон конечно стигна до премиерна победа оваа сезона во Формула 1 откако ја преживеа "пеколната" трка на 50 степени на патеката Хунгароринг. За него ова е четврти триумф за Големата награда во Будимпешта и вкупно 22-ри во кариерата.

Британскиот возач ја искористи пол позицијата и со време од 1:42.29.445 часа триумфираше на трката во Будимпешта. На втората позиција заврши Кими Раиконен од Лотус, а место на пиадесталот избори и шампионот Себастијан Фетел.

Хамилтон имаше одличен старт и успеа да ја одржи предноста во текот на целата трка која заврши без поголеми возбудувања. Роман Грожан беше единствениот кој заработи казна по едно недозволено претекнување, а трката преовладуваше и без инциденти со исклучот на откатуважето на болидот на Нико Розберг во 65 круг.

На трката во Унгарија тимот на Вилијамс стигна до првиот бод оваа сезона благодарение на десеттото место на Пастор Малдонадо.

Ова беше десетта трка сезонава во првенството на Формула 1 и по паузата која ќе трае еден месец следната трка е закажана за во Белгија на 25 август.

ГН за Унгарија:
1. Луис Хамилтон - Мерцедес 1:42:29,445
2. Кими Раиконен - Лотус + 00:10,938
3. Себастијан Фетел – Ред Бул + 00:12,459
4. Марк Вебер – Ред Бул + 00:18,044
5. Фернандо Алонсо - Ферари + 00:31,411

Генерален пласман на возачи:
1. Себастијан Фетел 172
2. Кими Раиконен 134
3. Фернандо Алонсо 133
4. Луис Хамилтон 124
5. Марк Вебер 105

Генерален пласман на конструктори:
1. Ред Бул 277
2. Мерцедес 208
3. Ферари 194
4. Лотус 183
5. Форс Индија 59

28 јули 2013 - 16:42