Во договорот на заборавениот Браун со клубот стоело дека доколку во 2013 година учествува на летните мини кампови кои не се дел од програмата на сезоната ќе земе 2 милиони долари бонус, односно наместо 925.000 долари во 2013 година ќе заработи 2.925.000 долари.
Членот на Сан Франциско бил многу лут поради одлуката на клубот која нема да му ги исплати парите, а бесот го истурил врз својот менаџер затоа што не го потсетил.
„Иако ги знам работите кои сум ги потпишал во мојот договор, агентот е тука кој треба да ме потсети што треба да правам. Зошто се тие платени? Тоа е дел од бизнисот", изјави изнервираниот Браун.
Веста за неговото кратење на платата ја прочитал на Твитер.