Човекот "молња" од Јамајка е олимписки и светски шампион на трките на 100 и 200 метри, а моменталниот светски рекорд на 100 метри е тој од Берлин каде ги истрча за 9.58 секунди.
Извонредната брзина на 26 годишниот Болт научниците по физика тврдат дека можат да ја објаснат со математички модел кој покажува како со помош на неговата моќ и енергија успева да го надмине отпорот во воздухот.
Своите истражувата за брзината на спринтерите физичарите ќе ги објават во Европскиот весник за Физика, а инаку математиката покажува дека Болт во Берлин времето од 9,58 го достигнал со брзина од 12,2 метри во секунда или 43 км на час.
Тимот открил дека помалку од 8% од неговата енергија неговите мускулите ја користат за движења, а остатокот се апсорбира од влечење. Ако се земат предвид мускулната маса на Болт, надморската висина на патеката и температурата на воздухот ќе се дојде до заклучот дека тој е помалку аеродинамичен од просечниот човек.
Тоа го потенцира и професорот Хорхе Хернандес од државниот универзитет од Мексико која ја нагласува извонредната способност на Болт кој и покрај тоа што неговото тело не е аеродинамично како просечните, тој руши рекорди.
„Многу е тешко да се рушат рекорди и тоа за неколку стотинки особено поради "физичката бариера" која е наметната од условите на земјата. Доколку Болт треба да се натпреварува на друга планета со помалку згуснат воздух тој ќе постигнеше уште подобри резултати", вели Хернандес.
Според него доколку во иднина ќе можат да се погледнат повеќе податоци, ќе биде интересно да се направи разлика помеѓу спринтерите. Времето на Болт во Берлин беше најголемиот рекорд остварен во елетронски тајминг кој беше воведен во 1968 година.
Со анализа на најбрзиот човек на планетата се заминава и Џон Бароу од Универзитетот во Кембриџ кој вели дека и покрај тоа што тој имал бавен старт, должината на неговиот голем чекор го истакнува како важен дел.
„Мускулните влакна на Болт реагираат многу брзо, како и големите чекори кои ги прави благодарение на неговата висина му овозможуваат да истрча 0,9 метри во секунда и со тоа да постигне извонредно време“, смета Бароу.
Маестралниот Усеин Болт во пресрет на светскиот атлетски собир во Русија ја демонстрираше својата моментална форма на трката на 100 метри во Лондон, на годишнината од Олимписките игри каде беше најбрз со време од 9,85 секунди.