Атлетико Минеиро е новиот шампион на најпрестижното клупско натпреварување во Јужна Америка. Гостите од Парагвај имаа предност од 2:0 по првиот натпревар одигран во Асунсион, но Бразилците возвратија со иста мера.
Стрелец на првиот гол беше Жо, а на три минути пред крајот водството го зголеми Леандро Силва. Екипата на Олимпија во продолженијата играше и со фудбалер помалку откако Мансур заработи црвен картон во 85-та минута.
При изведувањето на пенали, голманот на Атлетико Минеиро одбрани еден удар, а Хименес биеше во рамката на голот за победа на Бразилците од 4:3.
Ова е четврти триумф во серија за бразилска екипа во Копа Либертадорес, а Роналдињо стана седми фудбалер во историјата кој успеал да триумфира во ова натпреварување и во Лигата на шампиони и само трет играч со хет-трик од овие две натпреварување и Светското првенство.