Новиот Меси ја одби Барселона

Поканата да се биде дел од академијата на ФК Барселона, познатата Ла Масиа, е сон за секое фудбалерче, но има и такви кои ги одбиваат Каталонците како што тоа го направи 12-годишното дете за кое се верува дека ќе биде наследник на Меси.

Касијано Бузон Хесус е 12-годишно момче од Бразил кое стана познато кон крајот на минатата година откако на интернет се појави снимката со неговите вештини. Медиумите го нарекое „чудо од дете" и „новиот Меси" заради висината и контролата на топката, а скаутите на Барселона веднаш тргнаа во акција.

Новиот Меси помина три недели во Барселона и доби понуда да стане дел од академијата Ла Масиа, но таа била одбиена затоа што во понудата не била вклучена и сума за селење на целото неговото семејство со него.

Освен Барселона, семејството на Касијано добило понуди и од Флуминенесе, Гремио и Викториа, а битката за потписот на фудбалскиот вундеркинд ја доби Фламенго.

Еве зошто толку клубови се бореа за него:

26 јули 2013 - 09:08