Ова дефинитивно не е добра сезона за Роџер Федерер. Сите го предидуваа неговиот крај уште минатата година, но тој ги дематираше со освојувањето на Вимблдон. Овој пат тој е во иста позиција, можеби и уште полоша.
Оваа година тој губи постојано и тоа од играчи кои се многу послабо рангирани од него. Вчера беше елиминиран од малиот турнир во швајцарскиот Гштад од 55-то фангираниот Даниел Брандс. Пред само една недела беше елиминиран во Хамбург од 65-то рангираниот Федерико Делбонис, а пред еден месец загуби уште во втората рунда во Вимблдон и тоа од 116-то рангираниот Сергеј Стаховски.
Ова е еден од најлошите периоди во кариерата на тенисерот кој се доближува до својот 32-ри роденден.
За прв пат по една декада Федерер испадна од топ четири на АТП листата, па тој реши да направи промена и го смени рекетот.
Освен новиот рекет, оправдување за Федерер најде и во проблеми со грбот. Вакви препреки на негова возраст се тешки за совладување. Да се надеваме дека ќе успее да ги надмине проблемите до УС Опен и ќе ги демантира предвидувањата дека во иднина достигнувањата на Федерер ќе биде опстанокот помеѓу Топ пет на АТП листата.