Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Црвен картон за маскотата

Маскотата на англискиот второлигаш Барнли заработи црвен картон од судијата на натпреварот против КПР.

НБА инвазија во Кина

Преминот на Јао Минг во НБА во 2002 година драстично ја зголеми популарноста на овој спорт во Кина, но од тоа голема придобивка има и најквалитетната кошаркарска лига која во оваа азиска земја го пронајде вториот најголем пазар во светот.

Копија на „Пирес-Анри“ пеналот

Роберт Пирес и Тиери Анри се „прославија" во 2005-та година со неуспешниот обид за копија на пеналот на Кројф, а уште понеуспешна копија имаа двајца фудбалери на австриски нисколигаш.

Навивачки хаос во Порто

Навивачите на Порто нападнаа група на гостински навивачии пред дербито против Спортинг Лисабон по што повредени се 48 луѓе.

Платини сака Светско првенство со 40 репрезентации

Откако го зголеми бројот на репрезентации на Европското првенство, претседателот на УЕФА сака да го прошири и Светското првенство и наместо 32 на Мундијалот да настапуваат 40 национални тимови.

Офсајд лик на денот: Оливер Бауман

Голманот Оливер Бауман наместо да се докаже пред селекторот Јоаким Лев кој го следеше на натпреварот помеѓу Фрајбург и Хамбург, се истакна со три кикса по кои неговиот тим загуби на домашен терен со 0:3.

МЗТ пропушти голема победа во завршницата

Храбро и борбено настапи македонскиот шампион против бранителот на титулата во АБА лигата, тимот на Партизан, но последните секунди му пресудија на тимот од Аеродром кој поткленка во последниот напад и загуби со 69:70 во петтото коло од регионалната лига.

Парада на сезоната

Дариуз Трела од полската екипа Пјаст Гливице покажа како треба да се чува голот со сите сили. Откако непотребно го напушти својот гол, ја исправи грешката на најборбен начин и успеа да му извади бод на својот тим против Лехија Гданск.

Четврта титула за супериорниот Фетел

Себастијан Фетел си обезбеди место во одбраното друштво на Фанџо, Прост и Шумахер, возачите кои имаат освоено четири титули во Формула 1 шампионат. Германецот триумфираше во Индија и ја обезбеди титулата во Формула 1 уште на три трки до крајот на сезоната.

Барселона интернационале

Успесите на Барселона се темелат на многу нешта почнувајќи од одлично организираната младинска академија од каде излегуваат многу таленти. Доказ за нивниот квалитет е што во сите категории имаат дури 57 репрезентативци, а еден од нив е се разбира и Давид Бабунски.

Четири гола за 11 минути

Ибрахимовиќ пред неколку дена стана десеттиот фудбалер кој успеа да постигне четири гола на еден меч во ЛШ, но ваков махер во Лигата на шампионите добија и Американците во КОНКАКАФ зоната, а тоа е Николас Муноз кој во дресот на Исидро Метапант стана првиот со четири погодоци во ова натпреварување кој успеа да ги постигне за само 11 минути против Лос Анџелс Галакси.

Тикет на колото

Фудбалски викенд за уживање преполн со повеќе дерби натпревари и голем избор во понудите на кладилниците за составување на добитен тикет.

Осврт на второто коло на Бизнис Лигата на Македонија

Второто коло во Бизнис Лигата на Македонија ни донесе многу неизвесни натпревари, како и многу неочекувани победи.

Голови на неделата

Во изборот од десетте најдобри голови оваа недела Златан Ибрахимовиќ е застапен со две голчишта, а свои ремек-дела имаат и Хулк, Касами, Кавани, Вилшер, Ремзи, Гуарин...

Богата викенд дерби понуда во Типстер

Токму ова го чекавме со душа. Дерби во Шпанија, Англија, Германија, Франција, Португалија. Вистинско време за уживање пред малите екрани со пиво и пуканки, но и разонода со нашиот Типстер каде очекуваме да ги покажете вашите вештини во типување на најинтересните средби овој викенд.

Индиски фудбал со пензионирани ѕвезди

Земјата во која нема професионална фудбалска лига ниту две полни децении, се подготвува за револуција во најпопуларниот спорт со многу познати фудбалски легенди како Фреди Љунберг, Двајт Јорк, Хернан Креспо и Роберт Пирес.

Двоен волеј

Периодов се изнагледавме мајстории од третолигашки клубови. Овој пат за издвојување е одличната акција на фудбалерите на англискиот тим Карлаил Јунајтед кои постигнаа атрактивен гол со волеј удар, на кој му претходеше уште поатрактивна асистенција.

10 причини зошто Рома треба да верува во скудетото

„Римската волчица" за сега им го краде шоуто на Јувентус и Наполи за кои пред почетокот на првенството во Италија и оваа година се веруваше дека имаат најголеми шанси за титулата. Но по само осум поминати кола италијанските медиуми ја фаворизираат Рома.

Најдобрите навивачи на светот

Реномираниот француски фудбалски магазин So Foot направи листа на најдобри навивачки групи во светот на фудбалот. На првото место се навивачите на Бока Јуниорс.

Елегантна лоб мајсторија

Френк Муса од англискиот третолигаш Ковентри постигна гол со лоб удар кој не потсеќа на потезите на Роналдињо. 

Бесните птици и телефонскиот повик за судијата

Луди работи не се случуваат само на фудбалските терени во регионов. Бизарни ситуации има и на нисколигашките натпревари низ светот, само што таму има и камери за да ги снимат.