Компанијата која ги организира турите на Олд Трафорд се пожали дека откако Дејвид Мојс пристигна во Манчестер Јунајтед, интересот на луѓето да го разгледаат стадионот е драстично опаднат.
Веднаш откако Дејвид Мојс беше назначен за наследник на Алекс Фергусон, интересот за турите нагло опаднал за 34%.
Интересот продолжил да опаѓа и во следните месеци и од мај минатата година до сега, забележан е пад на продажбата на турите за 45%.
Истата компанија организира тури и за другите стадиони на клубовите од Премиер лигата и според нивните статистики, ниту еден друг клуб не забележал ваков пад.
Дејвид Мојс има очајно лош старт со Манчестер Јунајтед, па воопшто не е изненадување што во периодов тој е константа мета на тролање.
Последен сеир на негова сметка е пародија на филмчињата на Фејсбук кои се популарни по 10-от роденден на социјалната мрежа. Вака би изгледало филмчето на Мојс: