Репрезентацијата на Македонија немаше активности во изминатиот период, но го искористи падот на неколку „конкуренти" од тој дел на листата, по што на февруарското рангирање на ФИФА забележа скок од една позиција.
Со 402 поени сега Македонија го зазеде 83-то место на листата на ФИФА. Зад нас се Уганда, Северна Ирска, Конго, Габон... а пред нас се Белорусија, Јамајка, Оман, Хаили, Ел Салвадор, Тринидад и Тобаго...
На првите три позиции нема промени. Таму се Шпанија, Германија и Аргентина. Португалија се искачи на четвртата пред Колумбија, Швајцарија, Уругвај, Италија, Бразил и Холандија.