Фудбалерите на Лацио го изненадија магационерот

Во тренинг центарот на Лацио денеска е најзабавно, а за тоа се погрижија играчите на тимот од Рим кои го подготвија најголемото изненадување за еден од вработените луѓе во клубот.

Мауро Петрици кој долго време работи како магационер во Лацио, на 31 јануари одејќи накај работа заглави во голем вир поради големото невреме кое го зафати Рим, а за да се спаси ја остави својата кола која речиси целата потона во поплавата.

По само две недели на работа го чекаше големо изненадување, а тоа е ново и исто такво возило кое го доби како подарок од фудбалерите на Лацио.

„Навистина сум многу возбуден, ова е прекрасно изненадување кое не го очекував“, изјави среќниот Мауро.

13 февруари 2014 - 14:21