Јужен Судан прогласи независност на 9 јули 2011-та година и веднаш се отвори потреба за формирање на национален фудбалски тим. Тие го повикаа Зоран, 61-годишен тренер роден во близината на Пирот, кој според српски Мондо има огромна желба еден ден да биде селектор и на нашиот северен сосед.
Во својата кариера тој има работено со 27 различни клубови и репрезентации кои најчесто доаѓаат од Источна Африка и Блискиот Исток.
Зоран ја прифатил понудата од Јужен Судан, а за неговиот голем предизвик БиБиСи сними и документарен филм.
Документарецот го следи тимот во првата година од формирањето, од потрагата по нови играчи, до купувањето на овца со име Шампион која ќе биде нивна маскота на првите меѓународни натпревари.
Главен лик во филмот секако е српската легенда Зоран Ѓорѓевиќ која со неговиот агресивен пристап влегува во конфликт со челниците на фудбалската федерација, па дури и со некои политичари од оваа земја.
Документарниот филм премиерно ќе биде прикажан на БиБиСи на 27 февруари и ние со нетрпение го очекуваме откако го изгледавме трејлерот.