Зошто Мазе и Гизин го поделија златото?

По вчерашната драма во женскиот спуст, за прв пат во историјата на најбрзата патека во женското алпско скијање, две натпреварувачки завршија на првото место со исто време. Зошто не можеа да го измерат времето до илјадити дел од секундата?

Тина Мазе од Словенија и Доминик Гисин од Швајцарија го поделија пиедесталот на женскиот спуст и за прв пат во историјата на Олимписките игри на еден натпревар од алпското скијање беа доделени два златни медали.

И двете завршија со време 1:47.57 и во оваа ситуација ги поделија највисоките почести и покрај тоа што денешната технологија дозволува да се измери и милионити дел од секундата.

Во санкањето времето се мери до илјадити дел од секундата, па се поставува прашањето зошто не се мери и во скијањето со што на оваа трка можеше да се одреди само еден победник.

Одговорот го има олимпискиот историчар Бил Малоун. Според него, во алпскиот спуст скијачите за една стотинка поминуваат околу 25 сантиметри, односно за еден илјадити дел од секундата тие би поминале околу 2,5 сантиметри. А колку е прецизна целната линија?

Ако Мазе финишираше на левата страна, а Гисин на десната, тогаш дали е тоа доволно точно за да се измери илјадитиот дел од секундата ако се знае дека стартот е на 3.000 метри.

Ако се измери илјадити дел од секунда тогаш една скијачка можеби ќе згрешеше ако завршеше на еден дел од патеката, а не на другата, без да знае која страна е пократка.

13 февруари 2014 - 15:24