Навивачите од „Олд Трафорд“ сезонава патат по докторот за фудбал Сер Алекс Фергусон кој за свој наследник го одбра Дејвид Мојс. Неговите резултати за сега се следниве. Елиминација од ФА купот од Свонси, елиминација од Лига купот од Сандерленд и 15 бода заостанување зад лидерот во првенството. Шкотланѓанецот најде начин како да ги утеши фановите.
„Ова е тешка сезона за нас. Мислев дека во овој период ќе бидеме во позиција да се бориме за повеќе трофеи, но мислам дека ќе бидеме ок само со титула во Лигата на шампионите. Ова беше сезона со необични случувања за Манчестер Јунајтед. Прв пораз од Вест Хем на домашен терен по 1978, прв и од Њукасл по 1972 и три порази по ред кои не се случиле од 2001 година.
Па зошто да не ја освоиме и европската титула прва по 2008 година? Челси пред неколку години заврши на шестата позиција во Премиер лигата и истовремено ја освои Лигата на шампионите. Ние сме седми и го купивме Хуан Мата кој беше од тој тим на Челси, па би рекол дека сме на прав пат да го сториме истото“, се вели во легендарната изјава на Мојс.
Црвените ѓаволи го добија можеби најлесниот противник во осминафиналата фаза од ЛШ, а тоа е Олимпијакос, но Мојс како да заборави дека потоа може да налета на Реал Мадрид, Баерн Минхен, Барселона...
За учинокот на тренерот на Јунајтед потсетете се тука, а тоа што некои новинари му се потсмевнале на пресот додека тој бил мртов сериозен, не е за чудење. Финалето од Лигата на шампионите е закажано за 24 мај во Лисабон. Ќе го следиме.