Учинокот на Дејвид Мојс

Приказната за ангажирањето на новиот тренер на Манчестер Јунајтед Мојс сам си ја раскажа, а таа се случило кога Фергусон го викнал на гости и го пречекал со зборовите „јас си заминувам, а ти ќе ме замениш". За сега излегува дека стариот лисец одбрал погрешен гостин.

- Пораз пред своја публика од Евертон по пауза од 21 година.

- Пораз на домашен терен за Нова година по пауза од 20 години.

- Пораз од пет различни екипи на домашен терен на сите натпреварувања остварени пред месец февруари за прв пат во 24 години.

- Елиминација во третото коло од ФА купот по втор пат во последните 30 години.

- Прв пораз од Свонси на „Олд Трафорд".

- Пораз од Вест Хем на домашен терен по пауза од 1978 година.

- Пораз на сите три средби во јануари оваа година за прв пат по 40 години.

- Пораз на три средби во период од една седмица за прв пат во 22 сезони.

- Прв пораз од последно пласираниот Сандерленд (Лига куп) за прв пат во 20 години.

- Повеќе загубени бодови во досегашниот дел од сезоната од вкупниот број на бодови што ги загубија минатата сезона.

- Манчестер Јунајтед загуби на Олд Трафорд од Њукасл за прв пат по 41 година.

10 јануари 2014 - 11:46