Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

500 сомнителни натпревари годишно

Проценките на легалниот, но и нелегалниот обложувачки пазар велат дека во оваа индустрија се вртат околу 500 милијарди евра годишно, а 500 натпревари се сомнителни.

Најдоброто од Лига Европа

На 24 натпревари од третото коло на второто по ранг клупско натпреварување - Лига Европа, беа постигнати 52 гола. Ова се најдобрите пет:

Петарда за Демири во Валенсија

Единствениот македонски претставник во Лига Европа, Мухамед Демири доби шанса и го одигра второто полувреме за Сент Гален на гостувањето кај Валенсија, но неговиот тим загуби со 5:1. Со максимален ефек по три одиграни кола останаа само уште Тотенхем, Ајнтрахт, Лудогорец, Салцбург и Фиорентина.

Де Лаурентис предлага нова Лига на шампиони

Првиот човек на Наполи со предлози кои би донеле револуционерни промени во најквалитетното клупско европско натпреварување, а тоа е учество само на клубовите од најсилните лиги кои би заработувале по 200 милиони евра.

Второлигашко романско голчиште

Извонредната бомба од 40 метри ја испука Даниел Панчу од втората романска лига.

Француските екипи со штрајк против големиот данок

Во знак на штрајк на 30 ноември нема да се одигра ниту еден натпревар во првата и втората француска лига.

Денот кога се роди фудбалот

Натаниел Кресвик и Вилијам Прест се виновниците за многу брачни кавги, нервози во кладилница и тепачки на трибини. На денешен ден пред 156 години тие го оформиле првиот фудбалски клуб во светот - ФК Шефилд.

Во Русија е најлошо да се биде резерва

Русија не е баш пријатна за спорт на отворено со гаќици и дресови, па затоа гостинските фудбалери во Лигата на шампионите се молат да одат барем на загревање. Еве како вчера мрзнеа резервите на Манчестер Сити.

Пеле доби место во музејот на Феенорд, а донираше гел и чешел

Ова го може само италијански фудбалер или Кристијано Роналдо кои пред натпревар одат на фризер. Грацијано Пеле кој се најде во музејот на холандскиот тим, покрај топка, ги донираше неговите алатки со кои се разубавува пред да истрча на теренот.

Анти-паненката на Пато

Не само што Пато се посрамоти со пеналот кој му го одбрани Дида, неговиот поранешен соиграч од Милан, туку и неговиот Коринтијанс го чинеше елиминација од четврт-финалето на бразилскиот куп од екипата на Гремио.

Спортски утки

Спортот не е поврзан само со победи, убави голови, ефектни забивања... Има и премногу промашувања и засрамувачки моменти. Ова се дел од нив.

Мухамед Демири гостува на „Местаља“

Единствениот наш претставник во Лигата на Европа го има најтешкото гостување во третото коло од второто по ранг клупско европско натпреварување. Најлесните гостински соочувања пак вечерва ги имаат Тотенхем, ПСВ и Лацио кои ќе бркаат по три бода.

Предговорот на Мурињо за автобиографијата на Дрогба

Добро е позната големата љубов помеѓу Жозе Мурињо и Дидие Дрогба која датира уште од првите нивни денови во Челси, а овој нивен однос португалскиот стратег го опиша во предговорот на автобиографијата на Дрогба.

Општина Карпош со минус два играчи до победа над One

Комплетирано е второто коло во Бизнис лигата со трите натпревари на кои победи забележаа SISTINA, Општина Карпош и ЕЛЕМ.

Пораз за Атланта и на последниот претсезонски тест

Без сите играчи од стартната петорка на претходниот натпревар, Атланта Хокс загубија од Далас Маверикс на последниот натпревар пред почетокот на новата сезона, а Антиќ доби најголема минутажа до сега.

„Сантијаго Бернабеу“ со груб старт врз Видал

„Кралевите“ добија пенал на „Сантијаго Бернабеу“, а Роналдо не погреши од 11 метри, но удар од белата точка побара и Видал кој тврдеше дека бил фаулиран од тревата на стадионот. 

Кралевите го добија италијанскиот шампион

Со двата гола на Роналдо, Реал Мадрид стигна до максималната трета победа во ЛШ. ПСЖ и Баерн Минхен со по пет погодоци беа немилосрдни против Андерлехт и Викторија Плзен, а победи остварија и Баер Леверкузен, Галатасарај и двете екипи од Манчестер. Ибрахимовиќ блесна со четири гола.

МЗТ во завршницата потлекна пред израелскиот шампион

Актуелниот шампион на Македонија и покрај одличната партија, не успеа да обезбеди победа во второто коло од Еврокупот против Макаби Хаифа. Клучни беа последните моменти од мечот кога „Металците“ ја испуштија предноста која ја имаа скоро на целиот меч и загубија со 83:86.

Италијанскиот шампион на гости кај Анчелоти

Шпанско-италијанската пресметка во Мадрид е дуелот кој предизвикува најголемо внимание во втората ноќ од третото коло во ЛШ. Јунајтед раните од ремито против Саутемптон ќе ги лечи против Сосиедад, а најлесна задача има Баерн против Викторија Плзен.

“Му влезе“ на тренерот

Не беше баш наивен овој старт на фудбалерот на Олдам, Џејмс Хенри врз тренерот на Вулверхемптон Ли Џонсон во третата англиска лига, но стратегот на домаќините изреагира како ништо да не се случило.

Гранит со звукот на сирената

Одиграни се уште три натпревари од второто коло на Бизнис лигата на кои победи забележаа Гранит и МЕПСО, а UNIQA и ЕВН ги поделија бодовите.

Перо Антиќ сè подобар во Атланта

Атланта Хокс забележа уште еден пораз во подготвителните натпревари пред новата сезона во НБА лигата, а Перо Антиќ го одигра за него најефикасниот натпревар до сега во НБА.

Реми на Сан Сиро, Борусија го освои Лондон

По првиот ден од третото коло на Лигата на шампиони, Милан и Барса ги поделија бодовите во дуелот на гигантите на Сан Сиро, Борусија Дортмунд славеше на гостувањето кај Арсенал, исто како и Наполи во Марсеј, а Шалке на домашен терен беше декласиран од Челси.

Заработувал 20 евра неделно, а сега вреди 10 милиони евра

Младиот Жоргињо од Верона за „Газета дело Спорт" раскажува како од страна на италијански агент бил донесен од Бразил во Италија заедно со уште 50 деца. Тој сега е на мета на англиските гиганти, а се претставува дека бил дел од група за трговија со деца.