1. Кошаркарската репрезентација на САД - 1972
Во финалето на Олимписките игри во Минхен 1972, САД се сретна со СССР. Американците имаа водство кое на крајот го прокоцкаа и на една секунда до крајот имаа предност од само еден поен.
На Русите не им беше дозволен тајм-аут и по неуспешното додавање, Американците почнаа да слават. Но генералниот секретар на Интернационалната кошаркарска федерација нареди да им се врати топката на Русите и тие да добијат уште три секунди.
Американците се бунеа, но Русите ја изведоа топката и Александр Белов успеа да постигне кош за победа.
Бесните Американци го напуштија теренот и ја бојкотираа церемонијата за доделување на медали. Олимпискиот комитет се уште ги моли Американците да си ги примат сребрените медали кои им ги чуваат во Лозана.
2. Ара Абрахамиа - 2008
Шведскиот борач на Олимписките игри во Пекинг се натпреваруваше во категоријата до 84 килограми во грчко-римски стил и загуби во полуфиналето заради според него „бесрамни грешки од судиите". Абрахамиа сепак се појави на церемонијата и го прими бронзениот медал, но истиот го фрли на земја и ја напушти бината.
Интернационалниот Олимписки комитет го дисквалификуваше Абрахамиа и му ги одзеде сите медали.
3. Ибрагим Самадов - 1992
Кревачот на тегови заврши на третата позиција на Олимписките игри во Барселона, но тој крена иста тежина како и првопласираниот и второпласираниот натпреварувач. Судиите решија нему да му го доделат бронзениот медал затоа што тој бил половина килограм потежок од другите двајца.
Самадов одбил да се наведна за да го прими медалот и откако го земал во рака го фрлил на земја и ја напуштил церемонијата. Тој бил избркан од Олимпиското село и му се одземени сите медали.