Русите добија многу критики за начинот на кој ги организираа Зимските Олимписки игри во Сочи и сите недостатоци околу нив, но и многу пофалби за новите сали, убавите ски патеки и добрите скокалници.
Ски скокалниците во Краснаја Полјана се едни од подобрите во историјата на Зимските олимписки игри, па сигурно се чудите зошто на дното од скокалниците има толку ѓубре и треви? Зарем не можат да ги покријат со снег и да поминат со еден ратрак?
Не баш. Има многу добро објаснување зошто на дното од ски скокалниците има тревки и гранчиња, но за да сфатите подобро, најпрвин ќе направиме еден експеримент.
Застанете и затворете ги очите. Свртете се во круг неколку пати. (Не правете го ова ако сте на работа затоа што ќе изгледате многу глупаво пред колегите).
Тргнете полека во некој правец додека не удрите нешто. Сигурно се исплашивте кога удривте во ѕид/маса/стол.
Вие знаевте дека тие се таму и очекувавте дека ќе се удрите во нешто, но сепак се изненадивте затоа што не знаевте точно во кој момент ќе се удрите.
Токму тоа е и проблемот на ски скокачите. Тие знаат дека дното на скокалницата е таму некаде, но кога паѓаат од таа висина со огромна брзина, тие не можат да знаат каде е точно површината на снегот ако нема контраст.
Ете затоа на дното од ски патеките се поставуваат малите гранчиња.