Се работи за ненаселен шкотскиот остров кој има обем од 3,2 километри и е оддалечен 16 километри од шкотскиот брег. Во сопственост е на Арчибалд Кенеди, Маркиз од Шкотска кој го продава за 1,8 милиони евра.
Со 1500 продадени камења годишно тој практично е главен снабдувач на сите Карлинг федерации во светот. Еден камен чини 480 евра, а со оглед на тоа што на натпревар се користат 16 камења, тоа значи дека се трошат скоро 8.000 евра за еден меч.
Овој остров е единствен во светот кој ги има потребните камења за Карлинг, а снабдувач е од 1998. Минатата година беа произведени 2.500 тони камења, а дел од нив беа резервирани за потребите на Сочи.
Ова е втор обид за продажба на островот. Во мај 2011 година Кенеди го понуди за 3 милиони евра, но најголемата понуда која му пристигна изнесуваше еден милион евра.
Неговиот портпарол вели дека компанијата има доволно материјал од островот за да може да прима нарачки во наредните 12 години, а со следниот газда таа би била подготвена да потпише договор за соработка до 2050 година.
Тоа значи дека сакале нејќеле овој “возбудлив“ спорт ќе го гледаме во наредните 40 години, освен ако некој не го укине на Олимпијадите.