Тулио ги стигна Пеле и Ромарио

Минатата година пишувавме за бразилскиот ветеран Тулио Маравиља чиј детски сон е да се постигне 1000 голови во кариерата. По повеќе од 5 месеци за време на кои беше заглавен на бројката од 999, бразилскиот ветеран го оствари големиот јубилеј.

Бразилците се раѓаат и умираат со топката, а некои од нив кога ќе почнат со професионална кариера се ненаситни кога ги полнат мрежите. Легендарните Пеле и Ромарио стигнаа до маестралната 1000-ка која сега ја достигна и Тулио.

44 годишниот напаѓач кој се занимава и со политика најдрагоцениот погодок го постигна од пенал за ниско лигашот Араксар кој славеше на средбата против Маморе со 2:1, но триумфот беше во втор план.

Главниот момент на мечот беше неговиот гол по кој следуваше огромно славје како за шампионска титула, а Тулио им се заблагодари на сите присутни и изјави дека сака да постигнува уште голови.

10 февруари 2014 - 17:45