По победата против Турингер и бодот на гости против Савехоф, ракометарките на ЖРК Вардар во „Борис Трајковски“ го пречекуваат незгодниот Митлијанд против кој Индира Кастратовиќ вели дека е потребна поголема претпазливост.
„Знаеме за каква екипа се работи и затоа мораме овој меч да го сфатиме сериозно. Играат типично брз дански ракомет. Во претходните два меча ние не го дадовме најдоброто. Сега мора да играме поцврсто во одбраната и од меч во меч да растеме како тим. Очекувам да бидеме уште подобри и да одиме на победа. Сите мои ракометарки се здрави и подготвени“, изјави Кастратовиќ.
Со пофални зборови за противникот накусо се обрати и Алисон Пино која рече дека до нови бодови нема да биде лесно да стигнат.
„Митлијалнд е екипа која долго време игра во Лигата на шампиони. Мора да влеземе максимално фокусирани на овој тежок мечот кој го чекаме со нетрпение. Иако не сметаат за фаворити, мислам дека нема така лесно да стигнеме до нова победа“, рече француската ракометарка.
Третата пресметка за нашиот единствен женски претставник во Лигата на шампионите е закажан за в сабота со почеток од 18 часот.