Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Египетски трик низ нозе

21 годишниот Египќанец Мохамед Салас од Базел кој со своите игри веќе го привлече интересот на Ливерпул, среде силен дожд си поигра со својот чувар.

Ѕвездите од генерацијата 92`

Шестмината „Црвени Ѓаволи" кои беа дел од Јунајтед во деведесетите години станаа инспирација за документарен филм кој ќе се прикажува во Велика Британија од наредниот месец.

Заробениот фудбалер во Катар размислува на самоубиство

Откако беше обвинета дека со поткуп стигна до домаќин на најголемиот фудбалски собир, а потоа се појави и скандал дека не ги плаќа мигрантите кои работат во изградбата на стадионите, земјата домаќин на Мундијалот во 2022 година уште еднаш си го оцрни името.

Најстрогиот НБА судија

Некои судии се строги при донесување на одлуки за фаул, а има и судии како Џои Крафорд кои се строги дури и со дечките што го бришат паркетот.

Челичниот Мајк Тајсон имал и пластични делови

Со Мајк Тајсон и онака ретко кој сака да си го мери. По објавување на неговата автобиографија има и причина повеќе, што тој знае да извади и вештачки.

Медел ги шишаше чилеанските „гуштери“

Јужноамериканците имаат чудна традиција со која ги „осакатуваат" младинците во своите тимови. Нејмар ги шишаше новајлиите во Сантос, а истото им го стори и Гери Медел на тројца млади фудбалери од репрезентацијата на Чиле.

Кој може вака на 9 години

Ваков дрблинг не сме виделе богами долго време ниту од некој мајстор од калибарот на Меси, Роналдо или Нејмар, а му успеа на дете од Келн кое е родено во 2005 година.

Напаѓачот кој 20 години не дал гол

Мислевме дека Али Диа е најголемиот фудбалски измамник, но сме се лажеле. Тоа е Бразилецот Карлос Енрике Кајзер кој градел кариера како напаѓач во клубови од Бразил, Мексико, САД и Франција, но не само што не дал ниту еден гол, туку воопшто не ни играл.

Головите кои ФИФА ги заборави

Секоја година кога ФИФА ќе ги објави номинираните за Пушкаш наградата за гол на годината, веднаш се јавуваат критичарите со свои предлози, но овој пат навистина постојат некои голови кои заслужија да се најдат на листата. Ова се дел од нив:

Montenegro од 1 во 2 против One

Во малата сала на арената „Борис Трајковски“ се одиграа уште три натпревари од петтото коло на Бизнис лигата на кои победи забележаа екипите на SISTINA, UNIQA и Montenegro.

Агаси го замразил тенисот поради парите и татко му

Еден од најдоминантните тенисери во 90-те, раскажува како барал свои мотиви за да ја продолжи успешната професионална кариера, а неговиот татко сега би променил само една работа кај него и би го запишал на голф или бејзбол за да може подолго време да заработува.

Најинтересното од литванскиот фудбал

Елиминацијата заради кал била само увертира од тоа што треба да го видите во фудбалот во Литванија. Компилацијата нуди толку различни ситуации во кои ќе го препознаете и Ибрахимовиќ втор дел.

Најдобрата измама во американскиот фудбал

Откако го имавме најбрзиот спринтер во американскиот фудбал, го откривме и најдобриот трик. Тренеру ми дале погрешна топка и потоа метак да го нема.

Во Италија врие од местенки и оваа сезона

И покрај откриениот скандал кој резултираше со одземање бодови и парични казни за клубовите, суспензии за играчите, како и со лисици на рацете за дел од местачите, Серија А се уште не мирува. Овој пат под лупа се тренери и функционери, а најбаран е се уште Христијан Илиевски.

Паѓа коефициентот за Златната топка на Рибери

Веднаш по објавувањето на имињата на кандидатите за наградата за најдобар фудбалер на годината, кладилниците го фаворизираа Лионел Меси, но откако тој се повреди, сега главен фаворит за наградата е Франк Рибери.

Фати го ако можеш

Де'Антони Томас од Универзитетот Орегон е најбрзиот човек во американскиот фудбал. Рагбистот познат како „Црната Мамба" слободно може да смени професија и да стане спринтер затоа што 100 метри трча за 10.57 секунди.

Червар: Да се сакаме и љубиме на теренот би било преубава приказна

Во пресрет на првата историска средба во Лигата на шампионите помеѓу градските ривали Металург и Вардар, стратегот Лино Червар изјави дека ова дерби треба да се гледа како пресметка помеѓу два големи ривали, но не и непријатели како што некој тоа го смета.

Арсенал прими два гола за 78 секунди

Гол во мрежата на противникот во првата минута од натпреварот е огромна предност, а што да се каже за два гола за помалку од две минути? Некои фудбалери уште не беа ни загреани, а Саутемптон за 78 секунди успеа да даде два гола против Арсенал на натпревар од лигата за играчи до 18 години.

Фудбалери ќе им враќаат пари на навивачи заради пораз

По елиминацијата од петолигашка екипа, фудбалерите на англискиот третолигаш Свиндон ќе им ги вратат парите на навивачите кои отпатуваа на гостувањето.

Се сеќавате ли на Горан Славковски?

Најмладиот фудбалер во историјата на Интер за кого се најавуваше дека ќе биде новиот Ибрахимовиќ и кого го убедуваа двајца македонски премиери, денес настапува за Македонија, но не репрезентацијата, туку екипа со ова име во шеста шведска лига.

Атланта славеше во Шарлот

Атланта Хокс ја забележа четвртата победа по седум одиграни натпревари во НБА лигата. „Јастребите" славеа на гостувањето кај Шарлот Бобкетс, а Перо Антиќ доби заслужен одмор од тренерот.

Лукоил со полн резервоар против МЕПСО

Започна петтото коло во Бизнис лигата со првите три интересни дуели на кои победи прославија екипите на Лукои, АМСМ и Eurolink.

Ѓоковиќ го освои Лондон

Во дуелот помеѓу најатрактивните тенисери на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ го совлада Рафаел Надал и ја одбрани титулата на завршниот турнир во Лондон.

Мартин Онил: Ди Канио е тренер шарлатан

Новоназначениот селектор на Ирска ја искористи првата прес конференција да го нападне неговиот наследник на клупата на Сандерленд, кој го замени кон крајот на минатата сезона и кој веднаш го обвини Онил за слабата форма на играчите.