Федерер никогаш не се предава

Веќе го отпишавме и почнавме да го предвидуваме крајот на ерата на Федерер, но тој на најдобар начин не демантираше и докажа дека никогаш не се предава. А за тоа има и доказ со еден неверојатен статистички податок.

Крајот на ерата на Федерер се предвидуваше уште пред две години, но тој тогаш не демантираше со освојувањето на Вимблдон. Минатата година беше во уште полоша позиција и постојано губеше од играчи кои се многу послабо рангирани од него и за прв пат по една декада Федерер испадна од топ четири на АТП листата.

Ретки беа оние кои веруваа дека Федерер може да направи „камбек" на 32 години, но тој уште еднаш докажа дека никогаш не се предава и освои турнир за прв пат по 18 месеци.

А тоа дека Федерер никогаш не се откажува е поткрепено и со статистички податоци. Од сите неверојатни статистики кои се вртат околу неговата кариера, еден податок се издвојува и посебно го опишува неговиот борбен карактер.

Роџер Федерер има одиграно 1.154 натпревари и никогаш се нема откажано на сред натпревар!

Џон Мекинро во неговата кариера само еднаш се откажа, а сите други активни и поранешни тениски легенди се имаат откажувано по повеќе пати.

Федерер има одиграно највеќе натпревари од сите активни тенисери. Од сите останати во Топ 10, најблискиот му е со 290 натпревари помалку, а сите тие во просек имаат по 12,4 откажувања. Ѓоковиќ 11 пати се предал, Надал 7, Ферер 7, Хјуит 6, Робредо 9, Давиденко 23, Јужни 13, Хас 23, Ниеминен 15, Бердих 9... Ниту еден од Топ 25 тенисери во неговата кариера нема помалку од три откажувања.

5 март 2014 - 09:28