Раководството на шпанската Примера прими барање за поместување на старосната граница за потпишување договори со млади играчи од 16 на 14 години.
Примерите на Фабрегас кој замина од Барселона во Арсенал на 16 години или Пике кој дебитираше за Манчестер Јунајтед на 17 години, веќе долго време беа предмет за расправа во Шпанија, па клубовите сакаат да ги спречат ваквите одлевања на млади таленти во странство.
Според шпанска "Marca", оваа граница во моментов е поставена на 16 години. На таа возраст играчот може да потпише професионален договор со клуб и да му одреди откупна клаузула за да го спречи неговото заминување. Но клубовите сакаат оваа граница да биде спуштена на 14 години.
Целта на клубовите е да се спречи заминувањето на талентираните играчи од шпанските клубови во други лиги. Тоа ќе биде посебно корисно оружје во борбата против моќните англиски клубови кои секогаш се побрзи во откривањето на талентите и ангажирањето во нивните младински екипи.
Во овој момент во англиската Премиер лига настапуваат 32 фудбалери со шпански пасош.