Најтежок пораз во историјата на Лејкерси

Клиперси не само што докажаа дека во овој момент владеат во Лос Анџелес, туку и ги понижија Лејкерси со победа од 48 разлика со што на комшиите им го нанесоа најтешкиот пораз во историјата.

Клиперси ги совладаа Лејкерси со 142:94! Тоа е најтешкиот пораз во историјата на ЛА Лејкерс. 16-кратниот НБА шампион се држеше во првата четвртина, но целосно се распадна во вториот и третиот период кои гостите ги добија со 80:33.

Лејкерси ја добија последната четвртина со 34:33, но повеќето од разочараните гледачи веќе го имаа напуштено Стејплс центарот и не дочекаа да го видат конечниот резултат.

Најефикасен беше Дарен Колисон со 24 поени, а Грифин постигна 20 поени. Единствен расположен за игра во поразениот тим беше Гасол со 21 поени.

Поразот од 48 разлика го надмина претходниот црн рекорд на Лејкерси од 1995-та година кога загубија со 46 разлика (129:83) од Портланд. Претходниот рекорд за најтежок пораз на домашен терен им датираше уште од 1960-та година кога загубија од Бостон со 39 разлика (129:90).

Во реприза од минатогодишното финале, Сан Антонио го растури Мајами со 111:87. Тим Данкан постигна 23 поени, а Крис Бош беше најефикасен кај Мајами со 24 поени.

Резултати:

Сан Антонио – Мајами 111:87
Феникс – Оклахома 128:122
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 94:142

7 март 2014 - 09:06