Дресови масажери на телото

Италијанската мода од секогаш била важна па дури и кога треба да се шијат дресовите за фудбалерите на италијанската репрезентација. За следниот Мундијал тие ќе добијат нешто специјално кое ќе ги опушта додека трчаат.

Компанијата Пума заедно со раководните луѓе на Италијанската фудбалска федерација ги презентираа новите дресови за „Аѕурите“. Но овој пат тие освен што ќе бидат стреч, во какви што сме навикнати да ги гледаме, ќе добијат и еден ултра модерен важен детал.

Тие се изработени со ленти кои на телата на фудбалерите ќе им прават микро-масажи , а сета таа нова технологија ќе им помага и за брзо регенерирање на енергијата, како и за заздравување на мускулите.

„Новите дресови кои имаат типично италијанскиот дизајн ми се допаднаа многу. Новата технологија на Пума практично ни дава поддршка за време на нашите изданија на теренот“, изјави првиот голман на Италија, Џиџи Буфон.

Ефикасноста на новите дресови Италијанците ќе можат да ја почувствуваат за прв пат уште утре и тоа на пријателскиот натпревар на гости против Шпанија. Пред стартот на Мундијалот во Бразил тие ќе одиграа уште две контролни средби против Ирска и Луксембург.

5 март 2014 - 17:53