БЛ 11-то коло (втор ден)

Montenegro фуриозно против шампионот

Одиграни се уште три натпревари од 11-то коло на Бизнис Лигата на Македонија.

Eurolink во самиот финиш до победа против ЕВН
ЕВН 5-6 (2-3) Eurolink
ЕВН: Патрик Караѓуле 6', Слаѓан Божиновски 16', Бојан Маџовски 33', Исамедин Салиу 35', 36'
Eurolink: Јовче Зузаровски 8', 13', 26', 31', Јорданчо Димиџиевски 17', Игор Ристевски 40'
Во првото полувреме се играше брз и отворен фудбал и на двете страни со доста голови. Акцентот беше ставен на играта во нападот. Во ваквата игра нешто поснаодлива беше екипата на Eurolink која замина на полувремето со минимална предност од 2-3. На почетокот од второто полуреме екипата на Eurolink стигна до забележителна предност од 3 гола разлика, но ЕВН ја анулираше предноста и се влезе во неизвесна завршница во која со резултат од 5-6 екипата на Eurolink ги освои бодовите.

Montenegro фуриозно против минатогодишниот шампион Македонски Телеком
Македонски Телеком 1-6 (0-4) Montenegro
Македонски Телеком: Влатко Манев 23'
Montenegro: Горан Новакоски 6', 7', Ивица Јанковски 7', 16', 21', Даниел Настевски 24'
Апсолутна доминација на екипата на Montenegro во сите сегменти на фудбалската игра. Уште од самиот старт целосно ја презедоа иницијативата како во нападот, така и во одбраната, не доволувајќи му на минатогодишниот шампион да се врати во игра, за да на крајот апсолутно заслужено дојдат до убедлива победа на овој натпревар од 1-6.

Општина Карпош и АМСМ ги поделија бодовите
Општина Карпош 2-2 (1-2) АМСМ
Општина Карпош: Стефче Митревски 19', Гоце Јакимовски 33'
АМСМ: Ивица Аврамовиќ 1', Душко Тодоровски 17'
Исклучително динамичен натпревар полн со пресврти, екипите на Општина Карпош и АМСМ ги поделија бодовите. И на двете страни се играше доста динамично со голема желба за победа, но ниедна од двете екипи не успеа да дојде до бодовите.

4 март 2014 - 22:49