Редици пред огледалото на Реал Мадрид

Жозе Мурињо во интервју за магазинот Ескваер ги критикуваше денешните модерни фудбалери и се пожали дека пред натпреварите некои играчи на Реал Мадрид поминувале долго време пред огледало.

Тренерот на Реал Мадрид кој помина три години во Реал Мадрид каде предводеше играчи како Кристијано Роналдо, го критикуваше „примадона" однесувањето на денешните ѕвезди. Според него, некои млади фудбалери денес сакаат да се богати и пред да шутнат топка.

„Често пати фудбалерите на Реал Мадрид се редеа пред огледало додека судијата ги чекаше во тунелот пред натпреварите. Но денешното општество е такво. Младите мислат само на тоа. Тие имаат дваесетина години, а јас 51 и ако сакам да работам со деца ќе мора да го разберам нивниот свет.

„Како би можел да ги оддалечам играчите од Твитер и слични работи кога ќерка ми и син ми го прават истото? Морам да се адаптирам на моментот.

„Порано играчите се обидуваа да се збогатат за време на нивните кариера, за да бидат богати по завршувањето на кариерата. Но во овој момент луѓето кои се околу нив ги тераат да се збогатат уште пред да ја почнат кариерата.

„Се обидуваат да се збогатат кога го потпишуваат првиот договор, уште пред да одиграат натпревар во Премиер лигата, а не ни знаат како е да се игра во Лигата на шампиони."

6 март 2014 - 10:47