За Мојс допрва доаѓаат тешки денови во Манчестер Јунајтед. По гостувањето овој викенд против ВБА го очекуваат два исклучително важни натпревари. Дерби пресметката против Ливерпул, па реванш дуелот против Олимпијакос во Лигата на шампионите.
Покрај лошите резултати и притисокот од медиумите, на шкотскиот стратег не му наклонети ниту навивачите кои цела сезона го мајтапат. Големото англиско дерби помеѓу Манчестер и Ливерпул се игра на 16 март, а во фан клубот на гостите веќе e спремен главниот транспарент.
Фудбалерите на Ливерпул се наоѓаат на втората позиција на табелата со 14 бода повеќе од „Црвените Ѓаволи“, а вината за лошата сезона на Манчестер, навивачите на Ливерпул ќе му ја пренесат токму на Мојс кој ќе го прогласат за “фудбалски гениј“.