Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Утехата на Италијанците за Лигата на шампиони

Четврта сезона по ред Серија А нема свој претставник во полуфиналната фаза од најквалитетно клупско европско натпреварување, но тие најдоа некаква поврзаност на нивната лига со Симеоне, Мурињо, Гвардиола и Анчелоти.

Бејл доби конкуренција

Не е одличен тркач од половина терен само најскапиот фудбалер во светот. Таков е и Бразилецот Леонардо кој настапува во Тајланд и кој претрча со се топка колега на нашиот Марио Ѓуровски од тимот на Муанг Тонг.

Најубавите голови во историјата на Светските првенства

Уште само 50 денови до почетокот на Светското првенство во Бразил. Ситно! 20-от Мундијал ќе ни понуди многу возбудувања како и претходните 19 на кои видовме премногу убави голови. Ова се најдобрите пет во историјата на Светските првенства.

Сеир од цел стадион

Момент од рагби натпревар во Самоа меѓу екипите со најдобри имиња - Ваиала и Ваилеле. Еден од рагбистите приреди сцена по која сеир му фати цел стадион, судијата, па дури и неговите соиграчи.

Морати: Занети е историјата на Интер

Челичниот Аргентинец кој две децении се пробива како воз низ секоја можна одбрана во Серија А, вчера го најави неговото пензионирање. За неговата иднина не треба да се даваат прогнози, тој очекувано останува како важен дел од семејството на клубот.

Торко голман на сезоната

450 гледачи имаа можност во живо да го видат овој епски лоб удар кој се случува еднаш на 100 години. Најлошата голманска проценка која ни доаѓа од Литванија ја имате и вие на мегдан.

Атлетико - Челси во 19 секунди

Не бевте во можност да го гледате првиот полуфинален натпревар меѓу Атлетико Мадрид и Челси? Не берете гајле, ништо не сте пропуштиле. Овој краток цртан ќе ви го долови целиот натпревар.

ФИФА се пишмани за суспензијата на Барселона

Светската куќа на фудбалот ја прифати жалбата на Барселона и ја суспендираше забраната за трансфери.

Финале пред финалето во Мадрид

Титаните на европскиот фудбал кои заедно имаат освоени 14 круни во Лигата на шампионите вечерва ќе го имаат првото соочување во второто полуфинале. Тоа што не сакаме и се надеваме дека нема да се повтори, се вчерашните 90 неинтересни минути на „Висенте Калдерон“ без постигнат гол.

Банерот на Мојс се продава на eBay

Разочараните навивачи на Манчестер Јунајтед кој веруваа дека Дејвид Мојс е избраниот наследник на Алекс Фергусон, го понудија познатиот банер од Олд Трафорд на продажба преку eBay.

ЈСП подобар од One

Одиграни се уште два натпревари од Бизнис Лигата на Македонија.

Атланта потклекна во Индијанаполис

Кошаркарите на Атланта Хокс имаа солидно водство, но не издржаа до крај и им дозволија на Пејсерси да израмнат на 1:1 во плејоф серијата.

Здодевно полуфинално реми

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Челси одиграа натпревар под очекувањата во првата полуфинална пресметка од Лигата на шампионите. Домаќините имаа иницијатива и се обидуваа да обезбедат предност на првиот меч кој на крајот сепак заврши без голови.

Кандидат за еден на еден?

Првата причина поради која супермоделот Нина Агдал се најде во нашата офсајд рубрика е затоа што е дел од „Спорт илустрејтед“, а втората е бидејќи стварно ја бива за баскет. Нејзиниот учинок е 3/3 од линијата за слободни фрлања и едно успешно атрактивно положување.

Зошто Мојс го шутнаа пред крајот на сезоната

Не се сите шкотски тренерски имиња кадарни за да го водат англискиот великан. Едниот издржа 27 години, а другиот ниту една цела. Челните луѓе на клубот најверојатно подолго време ја ковале стратегијата на кој ден да се ослободат од лузерот.

Роналдо зад голгетерот на Торино

Градскиот ривал кој е во сенка на Јувентус оваа сезона има со што да се гордее, а тоа е Чиро Имобиле кој импресионира со неговите бројки.

Препознајте го младиот навивач на Симеоне

Беше дел од шампионската година на клубот кој во 1995/1996 ги славеше титулите во домашното првенство и купот, а сега како тренер има шанса да стигне повторно до двојна круна, но овој пат едната во ЛШ. Од трибините во тоа време неговото име го скандираше еден младинец од академијата на Атлетико Мадрид, а вечерва ќе се обиде да му го наполни голот на неговиот тим.

Лошо типстерско коло

Викендов кладилниците триеја раце по киксови како оние на Челси и Галатасарај, а ако нашиот Типстер беше вистинска кладилница, тогаш и ние ќе ќаревме од многуте утки на најтипуваните натпревари.

Фотографијата која го одбележа маратонот во Бостон

Една година по бомбашките напади, маратонците се вратија на улиците на Бостон. Победи натурализираниот Американец од Еритреја, Меб Кефлезиги, а една фотографија од близината на целта ја врати вербата во човештвото.

Очајната одбрана на Харден

Џејмс Харден е еден од најефикасните играчи во лигата кога станува збор за офанзивниот дел од теренот, но кога игра во одбрана тој е како изгубен Германец. Еве неколку докази.

Специјалниот против непобедливите

Во завршното лудило од Лигата на шампионите првите две екипи кои вечерва ќе ги вкрстат копјата во полуфиналето се хитот на сезоната Атлетико Мадрид и Челси. Тимот на Жозе Мурињо ќе се соочи со екипа која ја урна големата Барселона и која е единствена без пораз во ова натпреварување.

Најдобрите од 17-тото коло на Бизнис Лигата

Во последното коло од регуларниот дел на Бизнис Лигата на Македонија целосно се искристализираа работите, па конечно знаеме кои се учесниците во F8 завршното натпреварување.

Манчестер Јунајтед го отпушти Мојс

Дејвид Мојс веќе не е тренер на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ му дадоа шут-карта на неуспешниот наследник на Алекс Фергусон, а кладилниците веќе почнаа да примаат уплати за новиот тренер.