ЈСП подобар од One

Одиграни се уште два натпревари од Бизнис Лигата на Македонија.

Во фер и коректна игра ЈСП подобар од One
One 4-6 (2-3) ЈСП
One: Дарко Таневски 2', 28', Стефан Петровски 9', Јане Плавевски 38'
ЈСП: Велко Серафимовски 7', 17', 39', Далибор Миленковски 17', Љупчо Павловиќ 21', Ивица Арсенов 24'
Исклучителен фер плеј натпревар кој иако ништо не одлучуваше за промена на табелата беше доста динамичен со одличен ритам во кој и двете екипи го дадоа својот максимум на теренот. Екипата на One го отвори натпреварот уште на самиот почеток во 2', за да набрзо после тоа екипата ја ЈСП изедначи, така менувајќи се во водството екипата на ЈСП замина со еден гол предност на полувремето. Во второто полувреме ЈСП работата како да ја презеде во своите раце, резултатски се одлепи и не дозволи екипата на One да и се приближи остварувајќи победа на овој натпревар од 4-6.

ЕВН не успеа да стигне до пресврт против Гранит
ЕВН 3-4 (0-3) Гранит
ЕВН: Исамедин Салиу 24', 38', Бојан Маџовски 32'
Гранит: Далибор Велковски 3', Дарко Стојановски 4', 8', Оливер Ангеловски 29'
Екипата на Гранит прикажа апсолутна доминација во првото полувреме во кое демонстрираше одлична игра пред се во делот на нападот во кој ги оствари сите свои замисли, пред се со прецизни шутеви кои завршуваа во голот на ЕВН. На полувремето се отиде со убедливи 0-3 за екипата на Гранит. На самиот старт од второто полувреме екипата на ЕВН со гол навести дека се врати во натпреварот. Тоа и го стори, ја анулира предноста на само еден гол, но немаше доволно сили за целосен пресврт и го загуби натпреварот со 3-4.

23 април 2014 - 08:41