Атланта одигра одлично во првото полувреме и на моменти имаше двоцифрена предност, но домаќините се разбудија во вториот дел.
Третата четвртина Индијана ја доби со 31:13 и овој период се покажа како клучен на натпреварот кој на крајот домаќините го добија со убедливи 101:85.
Перо Антиќ имаше потпросечен учинок од 5 поени (1/4 за 2п и 1/5 за 3п) и 3 скока и 1 украдена топка за 25 минути игра.
Пол Џорџ беше најдобар на паркетот со 27 поени и 10 скока, а кај Атланта се истакна Милсеп со 19 поени.
Плејоф серијата се сели во Атланта каде ќе се одиграат следните два натпревари. Првиот е во петок наутро во 1:00 часот по македонско време.