Финале пред финалето во Мадрид

Титаните на европскиот фудбал кои заедно имаат освоени 14 круни во Лигата на шампионите вечерва ќе го имаат првото соочување во второто полуфинале. Тоа што не сакаме и се надеваме дека нема да се повтори, се вчерашните 90 неинтересни минути на „Висенте Калдерон“ без постигнат гол.

Реал Мадрид – Баерн Минхен

- Овие две екипи имаат до сега 5 полуфинални соочувања. Баерн е поуспешен со 4 победи (1976, 1987, 2001 и 2012), а „Кралевите“ победија само во 2000 година.

- Фудбалерите на Реал Мадрид имаат 15 победи и 2 нерешени на последните 17 меча на домашен терен во Лигата на шампионите. Последниот пораз им е од Барселона токму од Гвардиола во полуфиналето 2010/2011.

- Баерн Минхен е во одлична серија од 10 гостински мечеви во низа без пораз во ова натпреварување.

- Двата гиганти имаат заедно освоено 14 титули во Лигата на шампионите, од кои 9 се на контото на Шпанците кои последен пат се радуваа во 2002 година.

- Сите 7 голови оваа сезона во нокаут фазата Германците ги постигнаа по 54 минута.

- Кристијано Роналдо има постигна 35 голови на последните 27 меча во ЛШ. Само оваа сезона постигна 14, исто колку и Меси од пред две сезони, 

- Бранителот на титулата стигна до полуфиналната фаза по четврти пат во последните пет сезони. На последните 9 нокаут средби има 7 победи и 2 нерешени. 

- Карло Анчелоти нема ниту еден од пораз од Баерн Минхен како тренер во Лигата на шампионите. Неговиот скор е 4 победи и 2 нерешени, сите со тимот на Милан. 

- Пеп Гвардиола има само два порази од Реал Мадрид. На останатите средби како тренер на Барселона остварил 9 победи и 4 нерешени.

Типстерите го фаворизираат домаќинот и сметаат дека вечерва ќе има минимум 3 голови. Што типувате вие?

23 април 2014 - 11:30