Најава за лошото типстерско коло имаше уште во петокот кога 1.994 кредити пропаднаа на дуелот од француската лига меѓу Сент Етјен и Рен кој заврши без голови, а преку 90% од нашите типстери предвидуваа победа на домаќините.
Во неделата немаше барем три гола на дуелот меѓу Евертон и Манчестер Јунајтед, а многумина типуваа и двојка, но паднаа заедно со Дејвид Мојс кој денес доби отказ. Не се оствари ни двојката на Вардар кај Металург, немаше три гола на дербито меѓу Бешикташ и Фенербахче, а големи киксови на домашен терен направија Челси и Галатасар.
Од најтипуваните очекувањата ги исполнија Атлетико Мадрид против Елче, Пелистер против Еуромилк, Манчестер Сити против ВБА, а очекувани победи на гостински терен остварија и Арсенал и Ливерпул.
Најголем махер ова коло беше Bojan Taleski Kia Kaha кој погоди 8 од 17 типувани натпревари и ќари 122 кредити. Alek направи профит од 93 кредити, а Vane Radeski ќари 83,9. На спротивната страна од листата ова коло беше Todorovski Darko кој погоди само 27 од 93 типувани натпревари и имаше зијан од 356,5 кредити.
Продолжува априлската борба за подароци. Овој месец на двајцата најдобри типстери ќе им подариме дресови од македонската фудбалска репрезентација, а третопласираниот ќе пие пакет пиво.