Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Манчестер Јунајтед го отпушти Мојс

Дејвид Мојс веќе не е тренер на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ му дадоа шут-карта на неуспешниот наследник на Алекс Фергусон, а кладилниците веќе почнаа да примаат уплати за новиот тренер.

Зошто Дурент заслужува да биде МВП

Оклахома губеше со 5 разлика на 15 секунди до крајот од вториот плејоф натпревар против Мемфис, а Кевин Дурент успеа во еден напад да постигне 4 поени, од кои 3 од невозможна позиција под фаул.

Вардар со ветувачки резултат од Германија

Елиминацијата на Хамбург не беше случајност. Македонскиот ракометен шампион му покажа заби на уште еден бундеслигаш и со негатива од само 2 гола ќе го пречека тимот на Флензбург на реванш четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите.

Решавачкиот проектил на Рикелме

Некои фудбалери едноставно не стареат. Хуан Роман Рикелме си остана мајстор и на 35 години. Искусниот Аргентинец го реши натпреварот против Тигре со прекрасен погодок во судиското продолжение.

Девојките од разголената рагби лига

Стартуваше како рагби лига по долна облека како забава за машка популација, но девојките сериозно си ја сфатија работата и сега е професионален спорт со најголема експанзија во САД.

Трета победа на Хамилтон во серија

Хет-трик на Луис Хамилтон за уште една победа на Мерцедес. Хамилтон и Розберг завршија на првите две позиции и на трката во Кина.

Антиќ и Атланта тргнаа со победа

Кога Перо Антиќ стартува на центарската позиција, Атланта победува против Индијана. Така беше и на првиот натпревар од плејофот. Тимот на Перо Антиќ го изненади фаворитот и со победа ја стартуваше плејоф серијата против Индијана.

Тежок пораз за Металург

Македонскиот вицешампион ги загуби шансите за сензационален пласман во топ 4 фазата од Лигата на шампионите. Кил беше пресилен противник за тимот од Автокоманда и славеше убедливо во „Борис Трајковски“ со 21:31.

Најдобрите забивања од НБА сезоната

Ова се најдобрите забивања од регуларниот дел на сезоната во НБА лигата како загревање пред почетокот на плејофот во најквалитетната кошаркарска лига на светот.

Тикет на колото

Минатата недела тикетот ни заврши во канта само заради еден гол, но овој пат одиме на добивка.

Голови на неделата

Редовниот преглед на најдобрите погодоци од изминатите седум денови, вклучувајќи ја и мајсторијата на Бејл-експрес.

Италијанските судии се најстроги, англиските најмеки

Критериумите на делителите на правдата се важен дел за темпото за играта кое ќе се наметне на еден натпревар. Серија А е позната лига во која се практикува многу тактички фудбал и пимплање со топката, а на бавната игра дополнително влијаат и судиите.

Атланта Хокс најголеми аутсајдери во плејофот

Откако се потврдија сите учесници во плејофот на НБА лигата, кладилниците ги објавија коефициентите според кои Мајами е најголем фаворит за одбрана на титулата, а најмали шанси имаат Антиќ и Атланта Хокс.

Ѕвездите кои никогаш не заиграле на Светско

Најгледаниот спортски настан на планетата е престиж за секој фудбалер, но ја немаат сите големи играчи таа среќа да бидат дел од најелитното фудбалско друштво. Оваа година Фалкао се повреди, Бејл ќе печали во Азија, а Тевез ќе оди во Дизниленд.

Шпионски скандал во Премиер лигата

Екипата на Кардиф побара од Премиер лигата да го поништи нивниот пораз од Кристал Палас затоа што противникот ја шпионирал нивната екипа.

За својот клуб и на крај на свет

Осум навивачи на рускиот второлигаш Арсенал го бодреа својот клуб на гостувањето кај Луч во Владивосток. Ништо посебно? Погледнете ја мапата.

Металург најавува голема сабота

„Жал ми е што не можеа сите да дојдат до влезница. Би сакал да постоеше начин сите да влезат па да гори салата“, изјави Лино Червар пред големата тешка четвртфинална битка против трикратниот европски шампион Кил.

Бејл доби пријава: претекнувал на полна линија

Не стивнува сеирот на навивачите на Реал Мадрид кон Барса. На Твитер се појави сообраќајна пријава со која Герет Бејл се обвинува дека претекнувал преку полна линија со недозволена брзина. Среќа не приметија и дека не даде жмигавец.

Атлетико Мадрид е доказ дека не е сè во парите

Додека УЕФА се заканува со финансискиот фер-плеј, а на ПСЖ, Манчестер Сити и други европски гиганти им се закануваат казни, лидерот од шпанската Ла Лига докажа дека парите не се најважни кога се составува победничка екипа.

Оди да ја бараш позади стадион

Бавон Чибуабуа од унгарскиот тим Ујпешт ја рогна топката во небо. За вакви шутеви во маало викавме росна ливада.

Американски фудбал во прво лице

Како изгледа американскиот фудбал (она што ние си го викаме рагби) низ очите на дефанзивен играч (лајнбекер) со камера на неговата кацига.

Време е за НБА плејоф

Регуларниот дел од сезоната во НБА лигата заврши. Сега е време за најинтересното од најквалитетната кошаркарска лига на светот.

АМСМ со целосен пресврт до победа над ЕЛЕМ

Одиграни се уште два натпревари од 17-то коло на Бизнис Лигата на Македонија.