Кошаркарите на Мајами Хит се најголеми фаворити за освојување на трета титула во серија во НБА лигата. Барем така сметаат кладилниците. Тие на актуелните шампиони им дадоа коефициент 3 дека ќе си ја одбранат титулата.
Најголеми се шансите повторно да гледаме финале меѓу Мајами и Сан Антонио, а коефициентот дека Спарси ќе ја освојат титулата изнесува 4,5.
Следува Оклахома со коефициент 5, а лидерот на источната конференција, Индијана Пејсерс има коефициент 5,5.
Токму Индијана е противникот на Перо Антиќ и Атланта Хокс во првата рунда од плејофот каде тимот на нашиот кошаркар заедно со Шарлот Бобкетс е најголем аутсајдер со коефициент 201.
Коефициентот дека Индијана ќе ја елиминира Атланта е 1,15 а најголема е веројатноста дека тоа ќе биде со резултат 4:1 (коефициент 2,75). Коефициентот дека Атланта ќе стигне до четири победи против Индијана е 5,75.
Клик тука за целосен распоред на НБА плејофот.