Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Антиќ и Атланта со победа кон плејоф

Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Во седмото учество по ред во доигрувањето, кошаркарите на Атланта влегуваат со победничка форма по триумфот на гостувањето кај Милвоки.

Тајните на Мурињо кои ги откриваат неговите играчи

„I am the special one“ – си рече самиот кога пред 10 години ја започна првата авантура во Лондон. Од тогаш каде и да отиде е атракција пред камерите. Славните фудбалери кои ги тренираше самите ќе ви кажат зошто е посебен.

Шутираше или нафрлуваше?

Еден од најчудните голови видени во последно време ни доаѓа од Чемпионшип лигата од мечот помеѓу Чарлтон и Барнсли. Гостите победија со 2:1, а овој играч како и самиот да не е сигурен дали сакаше на некого да му асистира на глава или да го шокира голманот.

Сите на светско, Тевез во Дизниленд

За еден од најдобрите аргентински напаѓачи нема место летово во репрезентацијата, но затоа тој не планира да го гледа Мундијалот ниту на тв.

Од граѓанска војна до солзите на Меси - сите Ел Класико финалиња

Реал Мадрид - Барселона 3:3. Купот на Кралот во 112-та годишната историја приреди шест Ел Класико финалиња и до сега резултатот е израмнет во пресрет на вечерашната битка.

За дразнење пред Ел Класико

По мераклиските 90 минути во Примера на кои паднаа 7 голови, шпанската мега мресметка вечерва ја имаме и во финалето од Копа Дел Реј. Ви нудиме видео со топ 10 голови на Реал против Барса во изведа на славната кралска банда Ди Стефано, Зидан, Раул, Роналдо...а за кеифот на навивачите на Каталонскиот тим го имаме апсолутниот рекордер на „Ел Класико“ со 21 гол.

Завршниот удар на Стембер

Атлетичарот Мајкл Стембер беше препознатлив по својата тактика на трчање, но пред да стане познат, противници се деморализираа и го губеа чекорот, а публиката која не ја знаела неговата тактика му се смеела мислејќи дека не ги пребројал точно круговите и прерано го започнува завршниот спринт. Ова е трката по која светот дозна за средношколецот Стембер.

Кантона: Топката е како жена, прво сака галење па тепање

Славната и контроверзна 7-ка на Манчестер Јунајтед која остана препознатлива по карате ударот врз навивач на Кристал Палас, од фановите на „Црвените Ѓаволи“ го доби прекарот King Eric. Но тој е Крал и за провокативни изјави и бисери кои ги собравме во едно.

Манчестер Сити со најодврзано ќесе

Добро ни е познато дека шеиците не знаат да ги штедат своите нафтени милиони, а од нив најдобро се офајдија фудбалерите на Манчестер Сити кои имаат највисоки плати во светот на спортот.

Кога ќе ти се погоди прашањето на Милионер

И кај Трендо на нашиот „Кој сака да биде милионер" имаше ведри ликови, но никој како португалскиот фудбалски фанатик на кој му се падна да го прашаат кој клуб од Премиер лигата е од Лондон.

Офсајд тим на денот: Папа Францис

Аргентинците сакаа да промовираат кампања против насилството во фудбалот преку новоформираниот клуб кој го носи името на Папата Францис, но уште на првиот натпревар тие добија два црвени картони.

Montenegro го доби дербито со ЈСП

Одиграни се уште два натпревари од 17-то коло на Бизнис Лигата на Македонија.

Сезонски Топ 10

Со оглед на сезоната која не спопадна, повторно ни се актуелни зимските спортови, па наместо девојки во купачи, ние ви ги објавуваме најдобрите 10 потези на Павел Дацјук.

Сакаме секој ден да ти е ваков

Хокеј меч во САД во најопуштената можна варијанта и во најлудиот навивачки делириум.

Името на Руни е заштитено за Велигден

Страствена навивачка на Манчестер Јунајтед од што е збрлавена по својот омилен клуб, крстила се живо по дома по нејзините најомилени играчи, но кога се обидела да го изненади најмалиот син и ја кажале најглупавата забрана.

Скокни колку Роналдо да те видам

Не можеш. Тој вежба со саати и има помалку телесни масти од супермоделите. Со неговиот висок скок се одразува 2.88 метри од земја, а обрачот на кошот е висок 3.05, што значи ја куца без проблем. На таа висина тешко е човек да ја цивне топката, а не па да му ја збрца на Манчестер.

Џерард и најмладата жртва на Хилсборо

15 април 1989 година Британците го сметаат за еден од најцрните датуми во нивната спортска историја. Полуфиналниот натпревар од ФА Купот помеѓу Ливерпул и Нотингем Форест тој ден падна во сенка поради големата трагедија со која капитенот е емотивно поврзан.

Се бара исчезнатиот талент на Пол Џорџ

Фрустриран навивач на Индијана Пејсерс објави оглас со кој го бара исчезнатиот талент на Пол Џорџ.

По 18 години си ја пронајде љубовта

Внимавајте каде го сушите вашиот омилен дрес. Навивач на Шефилд Венздеј си го пружил со останатиот веш, но некој му го стопил. По 18 години се случува чудо и си го наоѓа во езеро, со што навивачот си го добива назад најдолгоисчезнатиот спортски реквизит.

Шпанците најскапи во Бразил

Актуелниот светски шампион во походот кон нова титула на Светското првенство во Бразил ќе замине со најскапа репрезентација. Највреден играч на првенството ќе биде Лионел Меси.

Пирло: ноќта кога Гвардиола сакаше да потпишам за Барса

Во извадок од неговата нова автобиографија, Андреа Пирло откри како „ќе ползел на сите четири" за да премине во Барселона откако Пеп Гвардиола се обидел да го ангажира, но трансферот бил спречен од Милан.

SISTINA не искористи играч повеќе против UNIQA

Одиграни се три натпревари од 17-то коло во Бизнис Лигата на Македонија на кои победи славеа Гранит, Македонски Телеком и UNIQA.

Атланта загуби со звукот на сирената

Откако Атланта обезбеди пласман во плејофот, тренерот Баденхолцер и неговите играчи си дозволија да се опуштат и загубија во последната секунда од Шарлот.