Еден фудбалер на Манчестер Сити во просек годишно заработува по 5,3 милиони фунти, односно 102.653 фунти неделно. Со овие суми, англискиот гигант е на врвот на листата на ЕСПН според висината на платите во светот на спортот.
Зад нив се бејзбол екипите на Њујорк Јенкис (5,28) и ЛА Доџерс (5,11 милиони фунти). Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се скоро израмнети и според платите. Просечната годишна плата во Реал изнесува 4,99 милиони, а во Барса 4,9 милиони фунти.
Своите пари не ги штеди ниту Русинот Прохоров чиј тим, Бруклин Нетс има со просек од 4,48 милиони најголеми плати во НБА лигата, а во Топ 10 се најде и неговиот сонародник Абрамович кој фудбалерите на Челси во просек ги плаќа по 3,98 милиони годишно.
Во Топ 10 се и Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Чикаго Булс.
Највисока плата на светот има рагбистот Арон Роџерс кој од Грин Беј секоја година добива по 40 милиони долари. Зад него се неговите колеги Метју Сафорд од Детроит и Том Брејди од Њу Ингланд, а Коби Брајант од Лејкерси заработува 30,5 милиони долари годишно.