БЛ 17-то коло (прв ден)

SISTINA не искористи играч повеќе против UNIQA

Одиграни се три натпревари од 17-то коло во Бизнис Лигата на Македонија на кои победи славеа Гранит, Македонски Телеком и UNIQA.

Гранит го направи невозможното против МЕПСО
Гранит 5-4 (1-2) МЕПСО
Гранит: Пепи Мицев 2', Дејан Димитровски 32', Дарко Стојановски 33', Кире Атанасовски 36', 39'
МЕПСО: Зоран Деспотовски 9', Тони Честојнов 13', 36', Златко Ацевски 28'
Гранит го отвори овој натпревар уште во 2' кога преку Пепи Мицев постигна гол и дојде до водство. Но, екипата на МЕПСО не подлегна на првичниот притисок и со добра игра не само што успеа да се врати во натпреварот, туку и на полувремето замина со водство од 1-2. Во второто полувреме натпреварот се претвори во вистинска драма. Кога сите помисливме дека екипата на МЕПСО ќе дојде до бодовите, Гранит заблеска во сиот свој сјај, направи целосен пресврт и со одлична игра заслужено дојде до бодовите на овој натпревар, кој заврши со 5-4.

Македонски Телеком во посакуваната форма против ЕВН
ЕВН 0-4 (0-3) Македонски Телеком
ЕВН: /
Македонски Телеком: Ивица Вељановски 11', 13', 14', Керим Левент 27'
Екипата на Македонски Телеком како се ближи крајот покажува дека се повеќе влегува во посакуваната форма која треба да ја има за завршниот турнир. Во првото полувреме покажа апсолутна доминација која ја красеше пред се тимската игра. Кај ЕВН во првото полувреме немаше течен напад, што реализираше со слаба реализација. Полувреме 0-3. Со ист ритам се продолжи и во второто полувреме во кое екипата на Македонски Телеком само ја запечати победата за убедливи 0-4.

SISTINA не го искористи играчот повеќе во натпреварот со UNIQA
SISTINA 6-7 (4-3) UNIQA
SISTINA: Горан Манов 6', 14', Цветанчо Трајковски 7', Даниел Боневски 18', 21', Игор Ѓорѓиевски 40'
UNIQA: Арбен Нухиу 4', 11', 11', 27', 28', 31', Љуљзим Каштањева 38'
Прво полувреме со одлична реализација на двете страни. Се играше доста офанзивен фудбал во кој целосниот акцент беше ставен на нападот. Екипата на SISTINA со минимална предност од еден гол предност замина на полувремето (4-3). Во второто полувреме екипата на UNIQA направи целосен пресврт и на само 5 минути до крајот водеше со гол предност. И покрај тоа што екипата на SISTINA имаше играч повеќе, не успеа да постигне гол, напротив прими и го загуби овој натпревар со 6-7.

15 април 2014 - 08:38