“Mourinho – Happy Special“ се вика книгата за арогантниот Португалец во која познатите играчи кои ги тренираше во Порто, Челси, Интер и Реал Мадрид го потврдуваат прекарот на Жозе кој самиот си го даде.
- Знае одлично да комуницира со играчите и што е најважно никогаш не се откажува – Чаби Алонсо.
- Ми се допаѓа затоа што вистината ти ја кажува во лице – Алваро Арбелоа.
- Ми помогна многу во работата од психолошки аспект и сега сум посилен – Карим Бензема.
- Ги анализира противниците подобро од секој друг тренер и им ги знае силните и слабите страни на сите играчи и тимови – Кристијано Роналдо.
- Спремен е да умре за своите фудбалери, и тоа не зборувам само за првотимците, туку и како во мојот случај со резервите – Марко Матераци.
- По освојувањето на првото Скудето, кое го освоивме на три кола пред крајот, ми рече да одам во Дубаи со жена ми, со образложение дека многу сум работел за него и за тимот и дека сум заслужил една недела одмор – Дејан Станковиќ.
- За Мурињо секогаш ќе има место во моето срце. Се започна кога ми рече: утре ќе играш, имам доверба во тебе – Весли Снајдер.
- Чекав 15 години да ја освојам Лигата на шампиони и таа ноќ плачевме заедно и се гушнавме затоа што станавме добри пријатели и веќе и двајцата знаевме дека ќе оди во Мадрид – Хавиер Занети.
- Сите ние, не само играчите, туку сите кои работат во Челси, го носиме во срце – Џон Тери.
- Сака да учествува од секој аспект во тимот и да контролира се – Маниче.
- Иако е број 1 во светот, продолжува да работи повеќе од сите други – Деко.