Лукоил ја оправда улогата на фаворит во натпреварот со Eurolink
Лукоил 8-5 (6-2) Eurolink
Лукоил: Дејан Зиков 2', 11', Марјан Цветковски 7', 16', 19', Љупчо Апостоловски 18', Владимир Секулоски 33', Игор Дамјаноски 39'
Eurolink: Јорданчо Димиџиевски 8', Никола Костовски 12', Јовче Зузаровски 25', 27', Александар Илиевски 32'
Во првото полувреме и двете екипи демонстрираа извонредно квалитетен фудбал кој изобилуваше со атрактивни потези. Екипата на Лукоил се чини по сконцентрирано влезе во натпреварот, што резултираше со водство на полувремето од 6-2. И во второто полувреме натпреварот течеше во ист ритам. Екипата на Eurolink имаше неколку обиди да фати резултатски приклучок, но на тоа Лукоил соодветно се спротивстави и го доби овој натпревар со 8-5.
Montenegro го доби дербито со ЈСП
ЈСП 4-6 (1-2) Montenegro
ЈСП: Љупчо Павловиќ 18', 39', Ајдин Бекировски 35', 40'
Montenegro: Ивица Јанковски 9', 36', Златко Исакоски 17', Дарко Настиќ 28', Горан Новакоски 29', Даниел Настевски 40'
На почетокот на првото полувреме Montenegroцелосно ја презеде иницијативата и со одлична игра поведе со 2-0, но по една грешка нивниот голман беше исклучен на 2 минути, каде што ЈСП ја искористи предноста од играч повеќе и го намали водството на 1-2, како што впрочем се отиде на полувремето. Второто полувреме целосно и припадна на екипата на Montenegro, која имаше перфектна реализација, сите шанси ги претвори во гол за убедлива победа на овој натпревар од 4-6.