Во конкуренција на 32 квалификувани репрезентации на Светското првенство во Бразил, најскап тим ќе има Шпанија. Според бразилскиот магазин Валор, репрезентацијата на Шпанија вреди 486,9 милиони евра.
Зад Шпанија е Аргентија со 474,1 милиони евра, а домаќинот Бразил е на третата позиција со 470,2 милиони. Следат Германија (445,6), Франција (398,6), Англија (354,2), Белгија (336,1) и Италија (322,4).
Најевтин тим има Хондурас. Нивната репрезентација вреди само 32,3 милиони евра, односно помалку од една четвртина од вредноста на најскапиот фудбалер кој ќе настапи во Бразил - Лионел Меси чија вредност е проценета на 138,1 милиони евра. Според Бразилците, Кристијано Роналдо вреди 107,3 милиони евра.