Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Малиот кој израдува деца со вистинска топка

На голем одмор во школо сите имаме играно фудбал со лименки, но во некои земји тоа е секојдневие и денеска. Дете од Америка тоа го гледа со свои очи и одлучува да преземе нешто. Резултатот до сега е донација од 4.000 топки во 22 земји.

Местенка 4+ за ќар од 38.000 долари

Да се погоди натпревар во кладилница на кој ќе паднат минимум 4 голови, не е секогаш лесно. Но ако познавате некој Виетнамец, добро упатен во фудбалот или најдобро репрезентативец, ќе имате сигурна добивка.

Двојна причина за црвен

Најголемиот неранимајко викендов на фудбалските терени ни доаѓа од американскиот фудбал МЛС. Во дуелот влезе дрско и насилнички, а потоа глумеше жртва.

Пит-стоп во 1950 и денес

Во педесетите години Формула 1 тимовите биле пресреќни кога четворица механичари ќе успееле да сменат гуми за „само" 67 секунди. Денес тоа се прави и за помалку од 2 секунди.

Вардар, Ливерпул и Челси донесоа профит

Викендов ни испративте повеќе малерски од махерски тикети, меѓу кои и овој кој го зезна Барса за 24.000 евра, но ако нашите типстери вложуваа вистински пари тогаш ќе можеа да се пофалат со голема добивка.

Зошто тренерот на Атлетико носеше Гугл глас?

Фотографијата од помошникот на Диего Симеоне на клупата на Атлетико Мадрид, Моно Бургос со Гугл глас на натпреварот против Хетафе бргу се рашири на интернет и ги отвори прашањата: што ли тој гледаше со нив, но и дали технологијата е премногу навлезена во фудбалот?

Барса му зема 24.000 евра

Викендов имавме многу малери, но никој не е ниту близу колку Митре кој дефинитивно со овој тикет е најголемото малериште за оваа сезона. Поради шокантниот пораз на Барселона од Гранада остана покус за околу 1.500 000 денари.

Македонски Телеком екипа на колото во Бизнис Лигата

На само едно коло до завршување на регуларниот ден на Бизнис Лигата на Македонија полека но сигурно се издвојуваат екипите кои ќе влезат во завршниот F8 турнир кој води до шампионската титула.

Топ 10 од Топ 16 во Евролигата

По комплетирањето на четвртфиналните парови во најелитното европско клупско кошаркарско натпреварување, ФИБА Европа ги објави најдобрите 10 потези од Топ 16 фазата.

Проклетството на помошниците на Фергусон

Во текот на својата долга и трофејна кариера, Алекс Фергусон имаше голем број помошници, но ниту еден од нив не успеа да излезе од сенката на својот шеф и да направи успешна кариера како главен тренер.

Црвено црно славје во Нови Сад

Актуелниот македонски првак Вардар стигна до првиот трофеј оваа сезона на кој се радуваше пред две години. Со триумф од 29:27 Вардарци беа подобри од белорускиот состав Мешков Брест и станаа нов шампион во СЕХА лигата.

Атланта во плејоф со победа над шампионот

Перо Антиќ ќе игра во плејофот на НБА лигата откако неговата екипа го осигура пласманот меѓу осумте најдобри во источната конференција и тоа со победа над шампионот Мајами Хит.

Ибраими го спаси Каљари од пораз

По деби голот против Удинезе, македонскиот репрезентативец Агим Ибраими го постигна и вториот гол во Серија А. Фудбалерите на Сасуоло имаа предност по првиот дел од 1:0, а на стартот од второто полувреме конечните 1:1 ги постави Ибраими со удар од белата точка.

Новиот газда на Лидс шпиониран во веце

На контроверзниот рокер со криминално досие во Италија, многу лошо му тргна на островот. Откако едвај успеа да го купи познатиот англиски второлигаш и поранешен премиерлигаш, некој се обидува да го следи и кога оди на мочање.

Тикет на колото

Ова се предлог натпреварите кои ние ги типувавме викендов. Препишете, уплатете и фатете пари во кладилница.

Голови на неделата

И оваа неделата уредниците на TVGOLO имале тешка задача да ги изберат најдобрите десет голчишта од изминатите седум денови. Гледајте и уживајте.

Атланта на победа до плејоф

Кошаркарите на Атланта Хокс го победија Бруклин и се наоѓаат на чекор до осигурување на пласманот во НБА плејофот.

Вардар во финалето на СЕХА лигата

Во салата „Спенс“ во Нови Сад, македонскиот ракометен шампион без поголеми проблеми го совлада минатогодишниот првак на регионалната лига, Кроација Осигурување со 30:22 и обезбедели пласман во финалето кое се игра во недела.

Навивачите ќе платат за Мурињо

Специјалниот до толку го сметаат во Лондон за посебен, што сметаат дека не треба да плаќа ниту парични казна.

Македонија има важна улога во местењето натпревари

Компанијата Спортрадар која заедно со УЕФА работи на спречувањето на манипулациите во фудбалот, објави детална анализа на местењето низ светот, а нашата земја и неколку лица поврзани со Македонија имаат главни улоги во нивниот извештај.

Да не се заборави Хилсборо

Во чест на 25 годишнината од смртта на 96 навивачи на Ливерпул која се случи на натпревар од ФА купот против Нотингем на стадионот Хилсборо во Шефилд, сите натпревари овој викенд во Премиер лигата ќе започнат со 7 минутно задоцнување. По повеќе од две децении, се дозна вистината за една од најголемите трагедии во историјата на фудбалот.