Само уште една победа во последните три натпревари од регуларниот дел ги дели кошаркарите на Атланта Хокс до седми последователен пласман во НБА плејофот.
Атланта врз две победи во серија откако забележа важна победа на гостувањето кај Бруклин.
По паузата од еден натпревар заради ситната повреда на глуждот, Антиќ се врати на паркетот, но не како стартер и одигра нешто помалку од 18 минути и имаше скромен учинок од 4 поени и 1 скок.
На натпреварто кој Хокси го добија со 88:93, Пол Пирс влезе во историјата на НБА како 18-ти кошаркар кој ја мина границата од 25.000 поени.
Милсеп со 27 и Тиг со 22 поени ја предводеа Атланта до победата, а најефикасен кај Бруклин беше Пламли со 17 поени.
Вечерва во 1:30 часот по наше време, Атланта ја пречекува екипата на Мајами.