Малиот кој израдува деца со вистинска топка

На голем одмор во школо сите имаме играно фудбал со лименки, но во некои земји тоа е секојдневие и денеска. Дете од Америка тоа го гледа со свои очи и одлучува да преземе нешто. Резултатот до сега е донација од 4.000 топки во 22 земји.

Брајан Кинг од Мичиген ја имаа таа едноставна визија во глава уште од 10 години. Заминува со татко му во Мозамбик кој имал задача да поправа бунари во локалните села, но секаде каде што патувал не мрдал без својата топка.
 
Неговата пасија ја делат илјадници деца во оваа сиромашна африканска земја, но Брајан бил единствениот кој имал вистинска, а сите други ги гледал како играат со крпени топки направени со кеси за отпадоци.
 
Малиот сметал дека секое дете во светот кое сака да игра фудбал, заслужува да има оригинал топка, а тоа смета дека не е ниту тешко, ниту скапо, туку потребна е само желба. Престојот во Африка го инспирира Кинг да формира добротворна организација Charity Ball.

 
„Научив дека за да се направи ваква работа не треба да бидеш популарен или да имаш одреден број на години. Сакам да го правам ова, затоа што знам дека можам“, вели Брајан Кинг кој сега има 14 години.
 
Идејата на Брајан привлече 75 компании и 1.000 луѓе кои преку организацијата испраќаа топки за земјите во развој. Од тој негов ден во Мозамбик во 2009 година па до сега донирани се 4.000 топки во 22 земји.
 
И покрај неговите години, тој самиот им зборувал на децата и родителите за мисијата на Charity Ball, а во ова инспиративно видео дел од акцијата е и српскиот репрезентативец и член на Борусија Дортмунд, Невен Суботиќ. 
 
14 април 2014 - 21:22