Ретко се случува кога сите петте натпревари со најголеми влогови ќе излезат како што посакуваат типстерите. Тоа се случи ова коло.
Најмногу ќарија оние кои веруваа во победата на Вардар над Ренова каде беа вложени дури 2.618 кредити. Многу кредити беа вложени на победата на Ливерпул и 3+ на нивниот дуел со Манчестер Сити, победата на Челси на гостувањето кај Свонси, петочниот триумф на Шалке против Ајнтрахт, како и 3+ на натпреварот меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.
Најмногу типстери „паднаа" на 3+ на ПСВ-Феенорд, како и на Брегалница која на домашен терен беше изненадена од Македонија ЃП. Потфрли и Арсенал на гостувањето кај Виган и Пелистер на домашен терен против Металург.
Најголем махер ова коло беше вице-шампионот од минатиот месец, Стефан Колев кој погоди 34 од 63 типувани натпревари и ќари 256,2 кредити. Зад него се Стефанн Делижов со 221,7 и Robert Ristovski со профит од 211,4 кредити.
Продолжува априлската борба за подароци. Овој месец на двајцата најдобри типстери ќе им подариме дресови од македонската фудбалска репрезентација, а третопласираниот ќе пие пакет пиво.