Антиќ го пропушти и овој натпревар заради повредата на десниот глужд која го мачи подолг период, но и без услугите на нашиот центар, Атланта успеа да го победи Мајами со 98:85.
Со оваа победа на два натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезоната, Атланта седма година по ред го обезбеди пласманот во плејофот.
Тиг со 25 и Вилијамс со 23 поени беа најефикасни кај Атланта, за Мајами не беа доволни 27 поени на Леброн Џејмс и 24 поени од Вејд.
Во вторник наутро во 1:30 по наше време, Атланта го пречекува Шарлот.