Виетнамскиот клуб Висаи годинава го освои Супер купот во својата а земја, а минатата година го подигна пехарот и во националниот куп, но голем дел од играчите по се изгледа дека не се задоволни од премиите, па тргнаа и на по некој денар од кладилница.
11 членови на Висаи и инаку репрезентативци на Виетнам се обвинети дека го наместиле натпревар против Келантан од Малезија во рамките на Азискиот Куп на конфедерации одигран минатиот 18 март.
Фудбалерите предводени од напаѓачот на националниот тим на Виетнам, Тран Ман Дунг вложиле вкупно 48.000 долари дека на мечот ќе паднат минимум 4 голови. На полувреме Висаи губел со 2:1, но во вториот дел успеале да постигнат два погодока за триумф од 3:2.
Натпреварот им донел чиста добивка од 38.000 долари, но сите учесници ја признале местенката поради која нивниот тим сезонава ќе биде исфрлен од домашното првенство.
„Нашата екипа дефинитивно нема да ги продолжи натпреварите во виетнамската лига, сега преостанува да се фокусираме на младите играчи кои треба да ги заменат и да се вратите во првенството најбрзо што можеме“, изјави сопственикот на клубот.
Висаи нема да може да ги продолжи натпреварите во домашната лига, но има среќа што помина неказнет и во Азискиот Куп на Конфедерации каде ќе доби дозвола и ќе може да продолжи да се натпреварува.