Следниве играчи своите екипи ги водат до победа: Арбен Нухиу кај екипата на UNIQA со дадени 4 погодоци, Влатко Петровски кај екипата на ЕЛЕМ со дадени 3 погодоци, Александар Јаневски кај екипата на SISTINA со дадени 3 погодоци и Михајло Лазаревски кај екипата на Македонски Телеком со дадени 2 погодоци, додека најдобар 5-ти играч на 16-тото коло е Љуљзим Каштањева кај екипата на UNIQA со дадени 3 погодоци.
За голман на колото е прогласен голманот на екипата на SISTINA – Бојан Божиновски, а за тренер на колото е прогласен Нестор Алексиевски – тренерот на екипата на Македонски Телеком. Екипа на 16-тото коло е екипата на Македонски Телеком.