Навивачите ќе платат за Мурињо

Специјалниот до толку го сметаат во Лондон за посебен, што сметаат дека не треба да плаќа ниту парични казна.

Жозе Мурињо доби црвен картон на мечот против Астон Вила, како и парична казна од 8.000 евра поради влегувањето на терен за да се објаснува со судијата кој го исклучи Рамирез, но навивачите на Челси не му даваат да се фати за џеб.

Португалецот има годишна плата од 10 милиони евра, но неговите најверни фанови сметаат дека тој не бил виновен во ситуацијата и нема зошто да плаќа казни, туку тие ќе донираат пари за него.

„Ние го поддржуваме Жозе Мурињо и сметаме дека не треба да биде казнет. Исто така сакаме да кажеме дека Криј Фој е ужасен судија, затоа ние викендов на гостувањето против Свонси или до следното коло против Сандерленд ќе собереме пари за да му ја платиме казната. Ако не ја прифати донацијата, тогаш има хуманитарни организации на кои ќе им требаат парите.", вели претставник на навивачката група на Челси.

11 април 2014 - 16:26